Петиција за изградба на Скејт Парк во Скопје

После 8 години од рушењето на Скејт Паркот зад Рамстор, ние љубителите на екстремните спортови, сеуште немаме место за спорт и рекреација. Го имаме оној Скејт Парк во населба карпош 4, кој е тотално нефункционален. Каде и да возиме низ градските улици и населби, од секаде сме бркани од локалните жители во зградите, чувари (Секјурити) и слично. Навистина ни е потребно место каде што ќе можеме да го поминуваме нашето драгоцено време како што највеќе знаеме да уживаме. Ве молиме, помогнете ни да го добиеме она што ни следува како граѓани на град Скопје.


Иван Нешовски    Kontaktirajte autora peticije